Top Sport

Македонија со големи амбиции влегува во квалификациите за ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација против Естонија утре ќе ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година. Во овој прозорец одреден од ФИБА Европа, Македонија ќе одигра уште еден натпревар, на 23 февруари во Перм против Русија.

Македонија во квалификацискиот циклус ќе влезе во нов селектор. Дуелот се Естонија ќе биде официјално деби за Александар Тодоров.

„Она што можам да го истакнам како промена од тогаш е дека одработивме еден циклус, осум тренинга и еден пријателски натпревар. Нешто што особено ме прави задоволен е што сме комплетирани веќе одамна така што успеавме да ги поставиме работите кко што треба, да го организираме тоа што сакаме да биде наш стил на игра. Од тој аспект сум задоволен. Имавме мали проблеми, особено по пријателскиот натпревар со Гостивар, некаква вироза која оддалечи некои кошаркари од тренажен процес. Имаме некои ситни повреди, но нашиот медицински штаб тврди дека ќе бидат подготвени и за нашиот вечерен тренинг“, изјави селекторот Тодоров.

Натпреварот Македонија-Естонија се игра утре од 20.15 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Билетите по цена од 100 денари се пуштени во продажба. Целиот приход ќе биде дониран во хуманитарни цели.

извор/ kfsm.mk

Scroll to Top