Top Sport

Македонија во шестиот шешир ги чека противниците за ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македонија се наоѓа во шестиот шешир пред ждрепката за квалификациите за наредното Европско првенство, објави ФИБА. Квалификациските групи ќе бидат извлечени на 22 јули во Минхен.

Во квалификациите ќе учествуваат 32 репрезентации кои ќе бидат поделени во осум групи. Пласман на Европското првенство ќе изборат по три репрезентации од секоја група.

Во квалификациите ќе играат и домаќините на ЕП: Германија, Чешка, Грузија и Италија.

Ждрепката ќе биде полу-диригирана, Македонија за противници ќе може да добие екипи од вториот, третиот и седмиот шешир за кои се резервирани квалификациските групи Б, Д, Ф и Х.

Во вториот шешир се Словенија, Грција, Русија и Хрватска, во третиот Италија, Латвија, Турција и Украина и во седмиот се Естонија, Австрија, Бугарија и Шведска.

Осмиот шешир ќе биде комплетиран по одигрувањето на третата претквалификациска рунда од 3 до 21 август.

Квалификациите за ЕП во 2021 година ќе бидат одржани во три циклуси, во термините од 17-25 февруари 2020, 23 ноември-1 декември 2020 и 15-23 февруари 2021 година.

foto/http://kfsm.mk

Scroll to Top