Top Sport

Македонија, во Талин, без Димитријевиќ

Ненад Димитријевиќ, кошаркарот на Хувентуд од Бадалона, нема да биде во составот на македонската репрезентација за квалификацискиот „балон“, кој од 28. до 30.ноември ќе се одржи во Талин, Естонија. Лекарите советувале тој да не игра натпревари, бидејќи се уште не можел максимално да тренира и да е натпреварува на највисоко ниво.

„По вчерашните детални прегледи кои Ненад Димитријевиќ ги направи во клиниката ‘Жан Митрев’ во Скопје, препораките на медицинските лица кои ги реализираа, се дека дека во овој момент, тој не е во можност максимално да тренира и да се натпреварува, и да одговори на барањата и пред сè, напорите кои со себе ги носат патувањето до Талин, тренинзите и одигрување на два натпревари во така краток временски период. Особено што, како што потенцираа докторите, Димитријевиќ се враќа по прележувањето на вирусот Covid-19, а поради кој мораше да има дополнителен лекарски, односно болнички надзор во период од две недели“, соопшти спортски директор на национални селекции, Тодор Гечевски.

Македонија, во Талин ќе одигра два натпревари со Италија на 28. и Естонија на 30.ноември.

Извор/kfsm.mk

Scroll to Top