Top Sport

Македонските кошаркари поразени од Црна Гора со 36 поени разлика

Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби од Црна Гора со 36 поени разлика (89:53) на пријателскиот натпревар одигран во Бар. Прашањето за победникот беше решено по првата четвртина, кога домашната селекција имаше 18 поени предност – 29:11.

dobivaj vesti na viber

Пред паузата резултатот беше 45:27, а потоа во третата четвртина Црна Гора направи серија од 16:0 и отиде на 61:27.

Најефикасен во репрезентацијата на Црна Гора беше Владимир Михаиловиќ со 14 поени. Бојан Дубљевиќ и Зоран Николиќ постигнаа по 13, а Марко Симоновиќ 10 поени.

Кај Македонија, најефикасен беше Дамјан Робев со 10 поени.

Scroll to Top