Џа Морент, Девин Букер и Бредли Бил ги продолжија договорите со Мемфис Гризлис, Финикс Санс, односно Вашингтон Визардс. Тројцата со актуелните тимови потпишаа максимални договори.
Морент од Мемфис доби петгодишен договор вреден 231 милион долари.
Морент сигурно ќе заработи 193 милиони, а целата сума ќе ја добие доколку и следната сезона биде избран во една од трите најдобри петорки во лигата.
На 22-годишна возраст, Морент веќе се етаблираше како еден од најдобрите играчи во НБА со просек од 27,4 поени, 6,7 асистенции и 5,7 скока минатата сезона.
Девин Букер доби четиригодишен договор вреден 214 милиони долари.
Минатата сезона Букер и Феникс Санс играа во големото финале каде паднаа по шест натпревари против Милвоки Бакс, додека годинава не успеаја и беа елиминирани во второто коло од плејофот од Далас Маверикс по максимални седум натпревари.
Бредли Бил се согласи да потпише петгодишен договор со Вашингтон Визардс за плата од 251.000.000 долари.
Изненадувачки е што тој реши да остане во тимот на крајот, бидејќи пред неколку дена најави дека летово ќе го тестира пазарот на ограничено слободните кошаркари.