Top Sport

Малин му одговори на Пешиќ: Нека скокне во српското море да се разбуди

Членот на кошаркарската Куќа на славните и член на оригиналниот американски „дрим тим“, Крис Малин ја коментираше изјавата на селекторот на Србија, Светислав Пешиќ за кошаркарската репрезентација на САД.

На Малин не му пречи да споредува тимови од различни епохи, но очигледно не му се допаѓа кога некој друг е оценет како подобар од него.

Минатата недела, по пријателскиот натпревар со Американците, Светислав Пешиќ оцени дека овој тим, кој ќе биде првиот ривал на Србија на Олимписките игри, „можеби е подобар и оригиналниот дрим-тим од 1992 година“.

Во интервју за порталот „Спортскида“, Малин вели дека Пешиќ дал таква изјава само затоа што мора да игра против овој американски тим:

„Кој е тој тип во секој случај? Ќе гопо барам, можеби ќе ми даде тема за приказна. Треба да се разбуди, можеби да скокне во српското море или да направи нешто слично за малку да го затресе задникот“, рече Малин.

„Можеби ќе се сретнам со него. Ќе бидам во Париз, таму ќе го барам. Ќе му одржам мала лекција по историја“, додаде поранешниот кошаркар на Голден стејт Вориорс.

Scroll to Top