Top Sport

Хрватите пречекни од 10.000 навивачи

Хрватските ракометари, освојувачи на сребрениот медал на 14 Европско првенство во ракомет се вратија во Хрватска. На централниот плоштад во хрватската престолнина Загреб, Бан Јелачиќ, тие биле пречекани од најмалку 10.000 навивачи.

На навивачите меѓу другите им се обратиле селекторот Лино Червар, најкорисниот играч на првенството Домагој Дувњак и членот на идеалниот тим на шампионатот Игор Карачиќ.

„Единственото што можам да кажам е дека со премногу горд на сите вас. Благодарност од сите нас. Бевме тажни по поразот во финалето, но сега сме пресреќни, направивме нешто големо за нашата мала држава и нашиот народ. Дадовме се од себе, а навивачите ни беа „ветер во грбот“. Репрезентацијата дишеше како едно семејство. Финалето го решија некои ситни детали“, рекол Карачиќ.

Хрватска во финалето во Стокхолм го освои третиот сребрен медал во историјата на европските првенства.

Scroll to Top