Денвер Нагетс ги победија Лос Анџелес Лејкерс 114:106 и го намалија резултатот во финалната серија во Западната конференција во НБА лигата на 1:2.
Нагетс ја контролираа играта во текот на целиот меч, имаа предност од 18 поени во третата четвртина и предност од 20 поени во последниот период, меѓутоа Лејкерси со неверојатна серија се доближија на само поен негатива на шест минути до крајот на мечот.
Во решавачките моменти се разигра Џамал Мареј кој со две тројки го однесе тимот до победата.
Мареј беше најефикасен во својот тим со 28 поени, 8 скока и 12 асистенции, Јокиќ забележа 22 поени, 10 скока и 5 асистенции, меѓутоа клучен ефект во победата имаше Џереми Грент кој го одигра најдобриот меч во плејофот (26 поени, 12 од нив во третата четвртина).
Лејкерси ги предводеше Леброн Џејмс ос 30 поени, 10 скока и 11 асистенции, Ентони Дејвис забележа 27 поени и 12 скока.
Наредниот меч на програмата е во петок, во 3 часот наутро.