Кошаркарите на Денвер, Финикс, Орландо и Шарлот забележаа победи изминатата ноќ во НБА лигата.
Орландо Меџик направја изненадување со победата на д Клиперси во Лос Анџелес 103:96. Финикс славеа над Атланта 117:110.
Денвер во дербито ја победија Филадлефија со 104:95. Без Џооел Ембид Филаделфија немаше никакви шанси против Денвер. Најголемата предност на Денвер изнесуваше 25 поени.
Џамал Мареј постигна 30 поени, Мајкл Портер јуниор запиша 27 поени и 12 скокови, а Никола Јокиќ имаше 21 поен, 10 скока и пет асистенции. Во редовите на Филалделфија Макси постигна 13 поени, Симонс 11, а Хауарад 10.
Расел Вестбрук запиша нов трип-дабл, но не му помогна на Вашингтон да го избегне поразот од Шарлот 104:114. Вестбрук мечот го заврши со 22 поени и по 15 скока и асистенции. Вашингтон го предводеше Јапонецот Руи Хачимура со 30 поени. Кај Шарлот се истакнаа Тери Розир со 27 поени и Гордон Хејворд со 26 поени.