Top Sport

Марин Докузовски е нов тренер на второлигашот МКК Куманово

Најуспешниот селектор и еден од најдобрите кошаркарски тренери во историјата на Македонија, Марин Докузовски, е новиот тренер на Младински кошаркарски клуб Куманово кој се натпреварува во Втората кошаркарска лига.

Клубот постои од 2018 година, а во состав на клубот има младински кошаркарски школи од 12, 14, 16 и 18 години, информираше клубот.

„Согласно амбициите на раководството на клубот за развој на кошарката во Куманово и враќање на победничкиот дух и традиција на кумановската кошарка, Марин Докузовски ќе го предводи тимот во наредните четири години. Младинскиот кошаркарски клуб Куманово е формиран во 2018 година и се занимава со обука на деца и млади спортисти од Куманово за натпревари, унапредување и промовирање на кошарката во градот и подигнување на јавната свест за значењето на спортот и здравиот живот, а во своите редови има 230 кошаркари“, се вели во известувањето од клубот.

 

Scroll to Top