Top Sport

Марио Хезоња го одигра мечот на кариерата

Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња измината ноќ го одигра најдобриот натпревар во кариерата. Отпишаниот Хезоња блесна во поразот на Орландо во Детроит 110:114.

Орландо по завршувањето на сезоната ќе му дозволи на Хезоња да замине од клубот, а можно е Хрватот да да го напушти клубот и во текот на сезоната, доколку Орландо договори трејд со некој друг клуб.

Поради тоа од почетокoт на сеозната Хезоња речиси и да не добива шанса во тимот. Среќата му се насмевна на последните три натпревари бидејќи доби место во ротацијата поради повреидте на Гордон и Афлало.

Во Детроит тој постигна рекорд во профи кариерата, кој го најави на самиот почеток кога постигна 11 од 13.поени на Орландо. На крајот натпреварот го заврши со 28 поени (8/12 за три), 6 скока, 2 асистенции и 3 украдени топки.

Хезоња осум тројки на еден натпревар постигна и како играч на Барселона, во 2015 година против Манреса.

Резултати:

Торонто репторс-Сакраменто Кингс 108:93
Детроит Пистонс-Орландо Меџик 114.110
Бруклин Нетс-Индијана Пејсерс 97:109
Вашингтон Визардс0Кливленд Кавалирс 99:106

Scroll to Top