Искусниот српски центар, Бобан Марјановиќ (36) по девет години би можел да ја напушти НБА лигата. Марјановиќ добил понуда од Бешикташ, кој во новата сезона ќе игра во Еврокупот.
Марјановиќ во кариерата играл за Сан Антонио, Детроит, Далас, Клиперс и Хјустон.
Во НБА замина од Црвена звезда, во сезоната 2014/15 беше избран во идеалната петорка во НБА лигата.
Со репрезентацијата на Србија има сребро од Евробаскет 2017 година.
Бешикташ од клупата го предводи неговиот сонародник, Душан Алимпијевиќ.