Top Sport

Марјановиќ потпиша нов договор со Хјустон

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ потпиша едногодишен договор со Хјустон Рокетс. Центарот така ќе продолжи да настапува за франшизата од Тексас, чиј дел е од минатата година. Боби ќе може да заработи речиси три милиони долари, а при потпишувањето му се загарантирани 1,3 милиони долари.

Договорот на Марјановиќ со Хјустонс истекуваше на крајот од минатата сезона во НБА, но тој постигна договор за нова едногодишна соработка. Марјановиќ на овој начин ќе заработи речиси 40 милиони долари бруто од приходите во НБА.

Помеѓу двете сезони се шпекулираше дека Марјановиќ би можел да се врати во Европа, но тој реши да ја продолжи соработката со Рокетс. Српскиот кошаркар, меѓу другите, на „Стариот континент“ настапуваше за Хемофарм, ЦСКА, Мега и Црвена звезда.

За Марјановиќ претстојната сезона ќе биде втора во Хјустон, а деветта во најсилната лига на светот. Српскиот центар најдолго играше за Далас Маверикс – три сезони, пред да се пресели во Хјустон, а претходно ги бранеше боите на Сан Антонио Спарс, Детроит Пистонс, Лос Анџелес Клиперс и Филаделфија

Во текот на минатата сезона, Боби одигра 31 натпревар во дресот на Рокетс и имаше просек од 3,3 поени и 1,9 скока по натпревар.

Scroll to Top