Српскиот кошаркарски џин, Бобан Марјановиќ во НБА лигата важи за еден од најомилените кошаркари. Тој во последното интервју зборуваше за неговиот однос со слвенечкиот кошаркар Лука Дончиќ со кого се клупски колеги во Далас Маверикс.
Впечатокот е дека ова балканско дуо ужива во моментите поминати заедно.
„Ние сме се како `глуп и поглуп`, а вие погодувајте кој е кој. Шегата на страна. Ние толку добро се забавуваме заедно, кога ќе погледнете некои наши снимки си помислувате `мора да е вака 24/7`. Убаво е да им покажеме на медиумите дека уживаме во работата која ја работиме. Ние сме деца во срцето и го сакаме тоа што го работиме. Се забавуваме играјќи заедно“ изјави Марјановиќ за американските медиуми.