Откако влезе во историјата на франшизата од Далас, Лука Дониќ во соблекувалната го пречекал ВИП гостин. Натпреварот во кој Далас Маверикс, по едно продолжение, ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 127:123 го следел Еден Азар.
Белгиецот поради повреда ја заврши сезоната. Неможноста да игра за Реал тој ја искористил за посета на САД. Азар е голем фан на Дончиќ, кој до пред две сезони го носеше дресот на Реал.
Дончиќ и Азар ги размениле дресовите.
Додека тие разговарале во просторијата влегол Бобан Марјановиќ, добриот дух на Маверикс. Боби ги насмеал присутните и им го украл шоуто на Дончиќ и Азар.
.@luka7doncic ? @hazardeden10 ⚽️
Plus a surprise guest crashes at the end ?#MFFL pic.twitter.com/Ui1vo2BXjE— Dallas Mavericks (@dallasmavs) March 5, 2020