Top Sport

Поради судиска грешка, Афјон и Фенербахче ќе играат нов натпревар (Видео)

Натпреварот помеѓу Афјон и Фенербахче одигран во неделата, во рамките на 21 коло во турскиот кошаркарски шампионат, ќе биде повторен поради грешката што ја направиле судиите во третата четвртина.

Веднаш по натпреварот, кој во драматична завршница им припадна на кошаркарите на Фенербахче (64:62) од Афјон вложиле жалба. Од клубот се жалеле дека судиите по досудена техничка грешка во третиот период погрешно им ја доделиле топката на Фенербахче.

По прегледувањето на снимката надлежните во Дисциплинската комисија заклучиле дека жалбата е оправдана и решиле натпреварот да се одигра повторно.

Терминот кога ќе биде одигран натпреварот дополнително ќе биде соопштен.

Scroll to Top