Top Sport

Марјановиќ на „летни подготовки“ – растовара вреќи од по 50 килограми

НБА кошркарот Бобан Марјановиќ се уште е во татковината откако Србија не успеа да се квалификува на Олимпискиот турнир.

Додека голем дел од неговите НБА колеги некаде летуваат, српскиот ас е на „летни подготовки“ во родниот крај, во подножјето на планината Ртањ.

Центарот на Далас Маверикс на Инстаграм се пофали дека растовара вреќи од по 50 килограми, а под објавата стои коментар „најдобриот тренинг некогаш“.

Американците се воодушевени, па бројни портали во САД го пренесоа вежбањето на Марјановиќ:

Scroll to Top