Top Sport

Марјановиќ тргна да се пресмета со провокаторот

Далас Маверикс со брејк во мајсторката изборија пласман во финалето на Западната конференција во НБА лигата. Далас го декласираа Финикс со 123:90 за прво финале на Западот по 2011 година.

Натпреварот на теренот го обележаа Лука Дончиќ со 35 и Спенсер Донвиди со 30 поени. По мечот се „истакна“ Бобан Марјановиќ.

Српскиот џин, не играше во оваа серија, но се најде во центарот на вниманието, откако тргна физички да се пресмета со Арон Холидеј од Финикс.

Познат како омилен лик во НБА лигата, Марјановиќ дозволи да биде испровоциран. Медиумите пиуваат дека Холидеј нешто му дофрлил на Динвиди, а Марајновиќ застанал во одбрана на соиграчот.

Поголем инцидент спречија играчите на Далас, кои успеаја да го задржат Марајновиќ.

 

Scroll to Top