Top Sport

Марк Дагнолт тренер на сезоната во НБА лигата

Тренерот на Оклахома сити Тандер, Марк Дагнолт е прогласен за тренер на годината во НБА.

Младиот 39-годишен тренер ја предводеше Оклахома до првото место на Западот пред актуелните шампиони Денвер Нагетс.

Неговиот тим е најмладиот во лигата кој направил ваков подвиг од основањето на НБА лигата.

„Успехот на нашиот тим оваа сезона беше резултат на група талентирани играчи чија посветеност и конкурентност беа невообичаени. Привилегија е да ги тренирам“, рече Дагнолт.

Тандер завршија први на Западот со 57 победи и 25 порази. Во однос на претходната сезона кога со 40 победи ја освоија 10. позиција на табелата, годинава значително го подобрија својот скор.

Scroll to Top