Top Sport

Марк Џексон јавно се извини: Згрешив, Јокиќ е еден од најдобрите во историјата

Денвер Нагетс со 4-2 ја добија серијата против Феникс Санс. Никола Јокиќ имаше трипл-дабл во оваа серија со што го „натера“ Марк Џексон му се извини што не му даде ниту еден поен во гласањето за МВП.

Јокиќ во шестиот натпревар забележа 32 поени, 10 скока и 12 асистенции, во серијата имаше просек од 34,5 поени, 13,2 скока и 10,3 асистенции.

Само двајца други во историјата на кошарката остварија просечен трипл-дабл во една плејоф серија: Леброн Џејмс и Расел Вестбрук.

Во четвртокот вечерта беше откриено дека Марк Џексон е единствениот гласач кој не му дал ниту еден глас на Јокиќ во МВП трката.

Не знаејќи за кого станува збор, поранешниот Ол Стар, Чарлс Баркли го нарече „идиот“.

Марк Џексон му се извини на Никола Јокиќ за неговиот потег:

„Погрешив со гласови за МВП, им се извинувам на Денвер Нагетс и Никола Јокиќ. Не само што е легитимен МВП кандидат кој го заслужи мојот глас, тој е и еден од најдобрите на сите времиња! Повторно се извинувам“, напиша Џексон на „Твитер“.

Марк Џексон моментално е коментатор и аналитичар, а своевремено беше фантастичен кошаркар, а подоцна и тренер во Голден стејт Вориорс, кој го отпушти во 2014 година и оттогаш не се занимава со тренерска работа.

Што се однесува до неговата играчка кариера, Џексон своите најдобри денови ги помина во Њујорк Никс, а во 1989 година беше Ол Стар. Тој е еден од најдобрите асистенти и крадци на топки во историјата на лигата.

Scroll to Top