Top Sport

Марк Гасол си оди од НБА, се враќа во Барселона

Поранешниот центар на Торонто репторс, Марк Гасол се враќа дома во Барселона, јавуваат шпанските и американските медиуми.

35-годишниот Гасол помина две сезони во Торонто со просек од 8.1 поени, 6.4 скока и 3.5 асистенции во 70 натпревари, а во 2018/19 помогна Репторс да ја освојат НБА титулата. Сепак, последната сезона тој се мачеше со повреди и играше во само 44 меча со 7.5 поени по натпревар. По поразот од Бостон селтикс во седмиот натпревар во плејофот тој призна дека сака да се врати дома и да разговара со семејството пред да продолжи со преговорите.

Гасол, кој е од Барселона, ја почна својата професионална кариера во 2003 токму со Барселона, пред во 2006 да замине во Џирона, а потоа во 2008 година во НБА лигата.

Scroll to Top