Top Sport

Маркус Смарт дефанзивец на сезоната во НБА лигата

Кошаркарот на Бостон Селтикс, Маркус Смарт, ја доби наградата за најдобар дефанзивец во НБА лигата, во сезоната 2021/2022.

Смарт наградата ја доби пред Микел Бриџис од Финикс Санс и Руди Гобер од Јута Џез. Во регуларниот дел од сезоната бекот на Селтикс, во просек по натпревар имаше две украдени топки и 3,2 скока во одбраната.

Маркус Смарт е првиот бек по Гери Пејтон во 1996 година кој успеал да ја добие оваа награда.

Покрај овие двајца, откако се доделува оваа награда, само уште четири бекови биле лауреати: Мајкл Џордан, Алвин Робертсон, Мајкл Купер и Сидни Монкриф.

Scroll to Top