Еден од најдобрите НБА кошаркари на сите времиња – Меџик Џонсон повторно летува во Европа.
За разлика од минатата година кога најголемиот дел од летниот одмор го помина во Хрватска, поточно во Дубровник, сега со неговата луксузна јахта реши да ги прошета водите во Грција.
„Мојот прв ден во Грција“ – напиша Џонсон до фотографијата.
Веднаш следуваа коментари од домаќините:
„Додо дојде легендо“, „ Се надевам дека ќе ти биде убаво во мојата земја“ и слично.
Сепак, пензионираниот кошаркар секогаш има време за вежба на јахта: