Top Sport

Меџик на Твитер: Леброн е МВП сезонава!

Легендата на НБА лигата, Меџик Џонсн го посочи својот фаворит за најкорисен кошаркар на сезоната која се уште е во прекин поради пандемијата со коронавирусот. Тој смета дека првата ѕвезда на Лејкерси треба да го понесе признанието.

„Леброн Џејмс дефинитивно е МВП на оваа сезона. Скоро да има просек од трипл-дабл со 25 поени, 10 асистенции и 8 скокови по натпревар. Неговата одбрана е фантастична и нема подобар лидер од него во спортот“ – напиша Џинсон на социјалната мрежа Твитер.


Тој смета и декаа најдобар дебитант сезонава е Џа Морант од Мемфис.

Според него, најдобар дефанивец е Ентони „веѓата“ Дејвис од ЛА Лејкерс.

Меџик смета дека најдобар тренер сезонава е Тејлор Џенкинс, предводникот на Мемфис.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');