Top Sport

Мекалум броеше до 40 – Пеликанс го победија Сан Антонио

Њу Орлеанс Пеликанс го победија Сан Антонио со 126:117, додека Јута Џез славеше победа над Вашингтон Визардс со 120:112.

Пеликанс, без Зајон Вилијамсон, немаа проблеми со екипата на Грег Поповиќ. Си Џеј МекКалум го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната. Постигна 40 поени, со осум скока и девет асистенции. Јонас Валанчиунас имаше 16 поени и 10 скока, Марфи 15, Ернангомез 13, а Херберт Џонс постигна 12 поени.

Што се однесува до Сан Антонио, Џереми Сочан беше најдобар со 23 поени, 9 скока и 6 асистенции.

Јута Џез ги победи Вашингтон Визардс 120:112, стигнаа до 19. победа сезонава.

Малик Бисли постигна 25 поени, Џордан Кларксон имаше 23, Лаури Марканен 21, а Колин Секстон 18 поени.

Бредли Бил и предводеше стрелците во редовите на Вашингтон со 30 поени.

Scroll to Top