Top Sport

Мекалум го реши Далас, Леброн и Дејвис пресилни за Шарлот (Видео)

Портланд, Минесота и Лос Анџелес Лејкерс, изминатата ноќ, забележаа победи во НБА лигата

Портланд Трејлблејзерс гостуваа во Далас и во драматичен меч забележаа победа над Маверикс 121:119.

Кај Трејблејзерс тандемот Си-Џеј Мекалум-Демијен Лилард доби помош во нападот од Родни Худ. Мекалум постигна 35, Лилард 28, а Худ 20 поени. Кај Маверикс повторно доминираше тандемот од Европа, Лука Дончиќ постигна 29, а Кристапс Прозингинс 32 поени.

Минесота со мали проблеми забележа победа над Мајами Хит 116:109. Мечот домаќините го решија во последната четвртина кога ја анулираа предноста на противникот. Ендрју Вигинс во последниот квартал постигна 16 од своите 25 поени. Ист број на поени кај Мајами постигна Кендрик Нан.

Лејкерс и Шарлот Хорнетс беа во егал во првото полувреме, а „езерџиите“ го скршија отпорот на гостите во последните десет минути за конечни 120:101.

Лејкерс до победата ги предводеа Ентони Дејвис (29 поени, 14 скока) и Леброн Џејмс (20 поени, 12 асистенции). Кај Шарлот се истакна Коди Зелер со 19 поени и 14 скока.

Scroll to Top