Top Sport

Меколум го продолжи договорот со Њу Орлеанс

Си Џеј Меколум ја продолжил соработката со Њу Орлеанс за уште две сезони, објави новинарот Адријан Војнаровски,. Договореното продолжување тежи 64.000.000 долари, па Пеликанс го врзаа искусниот бек до летото 2026 година.

Со новиот потпис, Меколум ќе заработи 133.000.000 долари во следните четири години.

Првите осум години од кариерата МекКолум ги мина во Портланд. Блезерси го избраа како 10.пик на драфтот во 2013 година. Тој се раздели со франшизата од Орегон кон средината на минатата сезона, кога пристигна во Луизијана во пакет со Лери Ненс и Тони Снел во замена за Џош Харт, Никел Александар Вокер, Томас Саторански и Диди Лузада.

Во дресот на Пеликанс одигра 26 натпревари и имаше просек од 24,3 поени, 5,8 асистенции и 4,5 украдени топки. Меколум е еден од шесте играчи со просек од 20 или повеќе поени во секоја од последните седум сезони. Во ова друштво покрај Меколум се и Ентони Дејвис, Демар Дерозан, Леброн Џејмс, Пол Џорџ и Џејмс Харден.

Scroll to Top