НБА ѕвездата, Кармело Ентони, кариерата ќе ја продолжи во Хјустон Рокетс, објавија американските медиуми.
Ентони бил подготвен да потпише едно годишен договор со финалистот во Западната конференција, вреден 2,4 милиони долари.
Популарниот Мело, минатата недела беше трејдуван од Оклахома Тандер во Атланта Хокс, меѓутоа тимот од Атланта нема намера да го задржи 34-годишниот кошаркар во своите редови.
Тоа знали дека Мело ќе стане слободен агент и ќе може да се пресли во Хјустон. каде ќе им се приклучи на Џејмс Харден и Крис Пол.
Десет кратниот Ол стар играч, минатата сезона имаше најлоши бројки во кариерата, просечно постигнуваше по 16,2 поени по натпревар со процент на реализација од 40,4 отсто.