Кармело Ентони се врати во НБА лигата. Поранешниот трет пик на драфтот се најде во стартната постава кај Портланд Трејлблејзерс на натпреварот во Њу Орлеанс. Дуелот против Пеликанс беше прв натпревар за Ентони ви НБА уште од 9 ноември 2018 година.
Кармело Ентони потпиша неодамна договор со Потланд до крајот на сезоната за два милиони долари. Клубот од Орегон е петти во неговата кариера.
Мело во 2003 година беше избран како трет пик на драфтот зад Леброн Џејмс и Дарко Миличиќ. Во Денвер се задржа до 2011 година, потоа шест години мина во Њујорк Никс, а во кариерата бил ихрач и на Оклахома сити Тандер односно Хјустон Рокетс.
Од Хјустон си заминал на 22 јануари 2019 година. Клубот го трејдуваше во Чикаго, а Булс на 1 февруари му врачија отказ.
Натпреварот со Њу Орлеанс Мело о заврши со 10 поени, четири скока и пет изгубени топки. Пеликанс ги победија Блејзерс 115:104.