Top Sport

Мемфис и Милвоки изедначија против ЛА Лејкерси и Мајами

Мемфис и Милвоки изедначија на 1:1 во плеј-оф сериите против ЛА Лејкерс и Мајами Хит. Натпреварите број 3 и 4 од овие серии ќе се играат во Лос Анџелес и Мајами.

Мемфис Гризлис, без најдобриот играч Џа Морент, славеа во ддуелот со ЛА Лејкерс 103:93.

Ксавиер Тилман со 22 поени со 13 скока го предводеше Мемфис. Најдобриот дефанзивец во лигата Џерен Џексон постигна 18 поени со девет скока.

Кај Лејкерси најдобар беше Леброн Џејмс со 28 поени со 12 скока. Тоа беше негов 103. натпревар во плеј-офот во кој имаше најмалку 20 поени и 10 скока.

Третиот натпревар ќе се игра во Лос Анџелес ноќта меѓу сабота и недела.

Милвоки, најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, беа Јанис Адетокумбо, убедливо славеше против Мајами Хит со 138:122.

Милвоки одиграа неверојатно прво полувреме, во кое постигнаа 81 поен и во еден момент имаа предност од 26 поени. Во третиот период Милвоки ја имаа највисоката предност од 36 поени (112:76).

Најдобри кај Милвоки беа Брук Лопез со 25 и Џру Холидеј со 24 поени, додека кај Мајами се истакна Џими Батлер со 25 поени.

Scroll to Top