Top Sport

Мемфис со брејк ја елиминираа Минесота

Кошаркарите на Мемфис Гризлис изборија дуел со Голден стејт Вориорс во полуфиналето во Западната конференција, во НБА лигата. Гризлис со 4:2 ја добија серијата против Минесота Тимбервулфс.

Шестиот меч од оваа серија, одигран во Минеаполис, им припадна на Мемфис со 114:106.

Мемфис, слично како и на претходниот натпревар, во финишот успеа да ја обезбеди победата, откако неколку пати Минесота водеа со разлика од 10 поени.

До победата Гризлис ги предводеа Дилон Брукс со 23 поени, Џарен Џексон со 18 поени и 11 скокови, односно Џа Морент со 17, поени, 11 скокови и осум асистенции.

Ентони Едвардс беше најефикасен кај Минесота и воопшто на натпреварот со 30 поени, Џејден Мекданијелс постигна 24 поени, а Калр-Ентони Таунс забележа 18 поени и 10 скока.

Мемфис, во полуфиналето ќе ја има предноста на домашниот терен против Голден стејт Вориорс. Првиот меч на програмата е во недела, на 1.мај, од 21.30 часот по средно-европско време.

Scroll to Top