Top Sport

Месина: Се извинувам, зборував бесмислици за коронавирусот!

Тренерот на евролигашот Олимпија од Милано, легендарниот Еторе Месина порача дека погрешил што ја потценил опасноста која ја произведе пандемијата од коронавирусот. Италијанецот јавно се извини поради изнесените коментари за коронавирусот.

„Искрено, мислев дека е само нешто појако од обичен грип. Многу погрешив. Им се извинувам на сите поради бесмислиците кои ги кажав“ – изјави Месина за агенцијата „Анса“.

Поранешниот помошник на Грег Попович во Сан Антонио нагласи дека „сега е многу тешко да се размислува и да се зборува за кошарка и за спорт воопшто, затоа што се наоѓаме во војна“.

Тој одби да ги коментира можните сценарија за крајот на сезоната во кошаркарскиот шампионат во Италија, но и на Евролигата.

За потсетување, додека коронавирусот беше проблем се уште само за Кина, Месина пред дуелот на Армани со Жалгирис рече дека планот на екипата е, доколку работите на теренот тргнат во неочекуван правец, сите да почнат да кашлаат.

Scroll to Top