Top Sport

„Металците“ по лошиот старт не успеаја рамноправно да му се спротистават на Партизан

МЗТ Скопје Аеродром, очекувано загуби со 74:92 (9:25, 23:23, 20:21, 22:23) од Партизан во второто коло на регионалната АБА лига, откако не успеаја да се вратат во игра по лошата прва четвртина во „Јане Сандански“.

Тимот на Жељко Обрадовиќ имаше фуриозен старт, поведувајќи со 9:0, за првата четвртина да ја добијат со огромни четиринаесет поени разлика (25:9), благодарение на трите тројки на Австралиецот Егзум.  По ова, „металците“ успеаја да го одржат ритамот со „црно-белите“, но не и да ја намалат огромната предност на српскиот тим.

Нанели и Егзум постигнаа по 17 поени за Партизан, додека кај македонскиот шампион Миќовиќ заврши со 18 поени, Кефи со 17, а двоцифрени беа и Максвел (13) и Стојановски (11).

Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк

Scroll to Top