Кошаркарите на МЗТ Скопје се наоѓаат на чекор до пласманот во финалето во АБА 2-лигата, откако во трилер меч, со поените на Медфорд, постигнати во последната секунда, во Сараево, го совладаа домаќинот Спарс 71:70.
Лошо прво и одлично второ полувреме, кое донесе драма во финишот одиграа кошаркарите на МЗТ.
Анимично и неорганизирано делуваа играчите на МЗТ во првиот дел пoради што имаа негатива и од 17 поени. Дијаметрално спротивни беа настаните во вториот дел, кога МЗТ успаја да ја стигнат разликата и да израмнат на 53:53.
Следуваше серија на Спарс од 9:0 експресен одговор од спрoтивната страна. Драмата кулминираше во финишот, Спарс на 90 секунди до крајот имаа шест поени предност 70:64, која МЗТ ја престигна со поените на Медфорд.
Херојот Медфорд заедно со Симоновски и Иванов постигнаа по 13 поени, а ветеранот Самарџиски имаше 12 поени и 11 скока.
За пласман во финалето на МЗТ им е потребна уште една победа, до која можат да стигнат веќе в недела во Скопје.