Top Sport

Мичел ги растури Клиперси, Јута води 2-0

Јута Џез максимално ја искористија предноста на домашниот терен против ЛА Клиперс. Јута во серијата водат со 2-0, вториот меч го добија со 117:111.

Џезерите, како и во првиот меч ги предводеше Донован Мичел. Во првиот меч тој постигна 45, во вториот 37 поени. Мичел е првиот играч на Јута, од Карл Мелоун во 1988 година, кој постигнал 35 или повеќе поени на два плеј-оф натпревари по ред.

Мичел ги постигна клучните поени на 43 секунди до крајот, а на десет секунди изнуди фаул од Пол Џорџ.

Покрај Мичел, кај Јута се истакнаа и Џордан Кларксон со 24 поени (шест тројки), Роди Гобер постигна 13 поени и забележа 20 скокови, Џо Инглс уфрли 19, ма Бојан Богдановиќ 16 поени.

Киперси ги предвидеа Реџи Џексон со 29, Пол Џорџ со 27 поени, девет скока и шест асистенции и Каваи Ленард со 21 поен.

Третиот меч се игра во Лос Анџелес, во недела од 2:30 часот.

Scroll to Top