Јута Џез со победа ја отворија полу-финалната серија против Лос Анџелес Клиперс, додека Филаделфија го израмнија резултатот во серијата со Атланта. Блескаа на овие натпревари Донован Мичел (Јута) и Џоел Ембид (Филаделфија).
Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, Јута Џез, ја надомести негативата од 13 поени на полувремето и на крајот да слави со 112.109.
Блескаше Донован Мичел со 45 поени, по 18 постигнаа Бојан Богдановиќ и Џордан Кларксон, а Руди Гобер имаше 10 поени и 12 скокови.
Кај Клиперси Каваи Ленард постигна 23 поени, Пол Џорџ забележа дабл-дабл (20 поени, 10 скокови), а Лук Кенард уфрли 18 поени.
Филаделфија Севентисиксрес го израмнија резултатот во серијата со Атлната Хокс на 1-1. Вториот меч од серијата им припадна на Севентисиксрес со 118:102.
Џоел Ембид, одигра уште еден брилијантен меч постигна 40 поени, на кои придодаде 13 скокови, две асистенции и украдени топки. Камерунецот доби голема помош од Тобајас Херис (22 поени) и Сет Кари (21 поен).
Најефикасни кај Атланта беа Данило Галинари со 21, Тре Јанг со 20 поени и 11 асистенции и Богдан Богдановиќ со 14 поени, седум скока и две асистенции.