Top Sport

Мичел за Гобер: Ме зарази со корона, ние завршивме!!!

Кошаркарите на Јута Џез, Руди Гобер и Донован Мичел се опоравија од коронавирусот, но според пишувањето на „The Athletics“ нивниот однос веќе никогаш нема да биде ист.

Франзуцинот на 11 март беше позитивен на вирусот, а во истиот момент раководството на НБА лигата одлучи да ја прекине сезоната.

Неколку дена подоцна клубот од Солт Лејк Сити потврди дека поради неодговорните потези на Гобер, заразен е и американскиот плејмејкер, Донован Мичел.

Еден месец подоцна – јасно е дека помирување меѓу овие двајца кошаркари нема да има.

Мичел е фрустриран од начинот на кој Гобер се однесувал во соблекувалната, а челниците на клубот и тренерот Кевин Снајдер даваат се од себе да ја вратат позитивната атмосфера. Сепак ни едниот, но ниту другиот не се расположени за разговор.

Прашање е колку тоа би се одразило на играта на Јута доколку Мичел реши и понатаму да не разговара со Гобер, а овој пак се уште нема намера да му се извини.

Договорот на Французинот со клубот е до 2021 година.

Scroll to Top