Top Sport

„Испушив 250 цигари за 10 минути, со Зидан не разговарав 2 години“

Поранешниот француски дефанзивец, Вили Сањол откри дека 2 години не разговарал со соиграчот од францускиот национален тим, Зинедин Зидан по загубеното финале на Светското првенство во 2006 година.

Франција по пенали загуби од Италија во финалето на Мондијалот, а во сеќавање од тој меч остана црвениот картон на Зидан откако со глава го удри в гради италијанскиот дефанзивец, Марко Матераци.

Сањол бил многу тажен по загубеното финале.

„По мечот, во соблекувалната, Зидан на сите им се извинуваше. Но јас не го прифатив извинувањето. Не сакав да разговарам со него. Не беше време за разговор, бевме премногу разочарани. Не зборувавме 2 години потоа. Отидов во тоалет и испушив 250 цигари за 10 минути. Во 2008 година се оженив и сопругата ми рече да го поканам Зидан на венчавката. Го викнав и потоа отидовме заедно на појадок. Тоа беше многу долг и интересен разговор“ – изјави Сањол.

Scroll to Top