Василије Мициќ постигна 26 поени и имаше 5 асистенции, Шејн Ларкин додаде 19 поени за Анадолу Ефес да го совлада првопласираниот тим во Евролигата, Барселона со 88:86 на гости за да ја добие 2-0 серијата оваа сезона.
Ова беше прекинување на низата од шест победи едноподруго за каталонскиот клуб и прв пораз во 2021 година. За Барса, најефикасен беше Никола Миротиќ со 24 поени, на крајот недоволни за победа во интересната последна четвртина во која не успеаја да ја надополнат негативата.
Пораз доживеа и вториот најдобар тим во Евролигата оваа сезона, актуелниот шампион ЦСКА Москва, откако Валенсија во драматична завршница примора продолженија, во кои ги постигна четирите последни поени на мечот за 105:103 победа, за прекинување на лузерската серија од три меча без победа.
ЕВРОЛИГА, 24.КОЛО
Барселона – Анадолу Ефес 86:88 (22:27, 28:26, 15:19, 21:16)
Валенсија – ЦСКА Москва 105:103 (25:17, 22:26, 17:20, 20:21, 21:19)