Црвена звезда имаше импресивен кам-бек, но нивниот поранешен кошаркар Василије Мициќ им ги уништи надежите за победа со фантастична партија во која имаше личен рекорд од 26 поени за 85:70 победа во Истанбул.
Мициќ постигна осум од своите 26 поени во првите пет минути од последната четвртина, и додаде пет асистенции за Ефес да стигне до четврта победа едноподруго во Евролигата. Звездаи маше 51:49 водство на стартот на третата четвртина откако се врати од негатива од 16 поени, но Шејн Ларкин (13 поени) и Мициќ беа тука за да спречат сензација.
„Беше тешко, но знаевме каков меч можеме да очекуваме. Тие се навикнати да играат цврсто, но ние вративме добро. Второто полувреме беше речиси совршено“, вели Мициќ.
Лоренцо Браун (18 поени и 5 асистенции) беше најдобар кај Звезда, додека Бранко Лазиќ додаде 9 поени за српскиот клуб, кој сега има 1-4 скор.
ЕВРОЛИГА, 5.КОЛО
Химки – Панатинаикос 103:86 (25:29, 25:26, 27:18, 26:13)
Анадолу Ефес – Црвена звезда 85:70 (21:9, 17:17, 18:25, 29:19)