Top Sport

Мициќ останува уште две сезони во Ефес

Одличната сезона во која тој ги предводеше до финалето на Евролигата го „натера“ Анадолу Ефес да му даде двегодишно продолжување на договорот на Василије Мициќ.

25-годишниот плејмејкер, кој беше драфтуван од Филаделфија сиксерс, имаше фантастична сезона и беше на мета на повеќе европски клубови, како Реал Мадрид, но Србинот реши да остане во Истанбул.

Иако не се дадени детали за договорот, се очекува во него да има клаузула за излез доколку Сиксерс решат да го однесат во НБА, но се очекува дека тој барем следната сезона ќе биде член на турскиот клуб.

Мициќ, кој претходно беше член на Баерн, Црвена звезда и Жалгирис, имаше просек од 12.4 поени по натпревар во Евролигата оваа сезона и беше избран во „вториот најдобар тим“ во Европа.

Scroll to Top