Top Sport

Мидлтон и Јанис го урнаа Бруклин, изборија мајсторка за Милвоки

Мајсторка ќе играат Милвоки Бакс и Бруклин Нетс за пласман во финалето, во Источната конференција во НБА лигата. Милвоки го добија шесттиот меч од серијата со 104:89.

Милвоки во раната фаза на мечот стекнаа двоцифрена предност, Бруклин неколку пати се обидуваа да се доближат, во третиот период имаа пет поени негатива, во последниот дојдоа на 88:82, но Бакс успеаја да ги одбија сите налети.

Крис Мидлтон, го одигра најдобриот мел во оваа серија, постигна 38 поени, на кои придодаде 10 скокови и пет асистенции. Мидлтон постави лилен рекорд кога се во прашање плеј-оф натпреварите.

Јанис Адетокумбо беше на својот просек (30 поени и 17 скокови), Џру Холидеј уфрли 21 поен.

Нетс ги предводеше Кевин Дурент со 32 поени и 11 скокови, Џејмс Харден постигна 16 поени.

Мајсторката, во Бруклин, на програмата е во недела од 2 часот и 30 минути.

Scroll to Top