Top Sport

Дончиќ ги „шокираше“ Клиперси, Јокиќ недоволен за Денвер

Лука Дончиќ повторно покажа колку значи за тимот на Далас маверикс, предводејќи ги до изненадувачка 113:103 победа на гости кај Лос Анџелес клиперс за брејк и 1:0 водство во четвртфиналната пресметка во плејофот на НБА лигата.

Далас од почетокот беше во водство, правејќи предност од 12 поени во првата четвртина, пред Клиперс да се вратат и да отидат на одмор со 55:60 негатива. Далас имаше 13:3 серија во финишот на натпреварот за импресивна победа.

Дончиќ имаше трипл-дабл од 31 поен, 11 асистенции и 10 скока, Тим Хардавеј Јуниор додаде 21, а кај Клиперс беа недоволни 26-те поени на Кавај Ленард и 23 на Пол Џорџ.

Српскиот центар Никола Јокиќ имаше фантастичен меч, но тоа не беше доволно да спречи Денвер нагетс да доживеат убедлив 123:109 пораз од Портланд трејлблејзерс. Демијан Лилард блесна за Портланд со 34 поени и 13 асистенции, додека на другата страна, Јокиќ имаше 34 поени, 16 скока, но само една асистенција.

Портланд, освен во втората четвртина, доминираа во текот на мечот, и погодија неверојатни 19 тројки за победа.

НБА ПЛЕЈОФ

Бруклин – Бостон 104:93 (1:0)

Милвоки – Мајами 109:107 (1:0)

Денвер – Портланд 109:123 (0:1)

Л.А. Клиперс – Далас 103:113 (0:1)

Scroll to Top