Францускиот кошаркар Микаел Желабал доживеа мозочен удар на тренинг. Состојбата на поранешниот репрезентативец на Франција е добра, а постои можност 39-годишниот кошаркар на Шоле да ја продолжи играчката кариера.
„Почувствував симптоми и бев однесен на интензивна нега во болницата во Шалон. Магнетната резонанца покажа дека се работи за мозочен удар, но за среќа, навреме беше забележан. Бев подложен на дополнителни прегледи на интензивна нега, а потоа на неврологија”, рече крилниот кошаркар.
Како француски репрезентативец освои пет медали, а во 2013 година беше дел од тимот кој стана европски првак.
Во клупската кариера го носеше дресот на Шоле, Реам Мадрид, Асвел, Шарлроа, Химки, Цедевита, Валенсија, Минесота, Стразбур, Лимож, Ле Ман…
Fin de saison pour notre capitaine 😔 Communiqué de Mickael Gelabale !
Bon rétablisemment et à très vite sur les parquets❤️#RougeEtBlanc pic.twitter.com/eJtob0wk53
— Elan Chalon (@ELANCHALON) April 21, 2023