Top Sport

Милан Томиќ повеќе не е тренер на КК Црвена ѕвезда

Тренерот на кошаркарите на Црвена ѕвезда, Милан Томиќ, претпладнево поднел неотповиклива оставка на функцијата.

Оставката е логичен потег на тренерот чија екипа во неделата загуби од Крка во АБА-лигата. Актуелните шампиони во регионалното натпреварување во првите три кола доживеаја два порази, а минатат сезона ја завршија со само еден пораз во регуларниот дел.

Црвена ѕвезда се наоѓа во серија од три порази, два во АБА-лигата (Будуќност и Крка) и еден во Евролигата (Макаби).

По повод оставката на тренерот Томиќ пред новинарите попладнево ќе се појави првиот човек на клубот Небојша Човиќ.

Српските медиуми шпекулираат дека до именувањето на нов тренер тимот ќе го предводи асистентот на Томиќ, Андрија Гавриловиќ.

Црвена ѕвезда в четврток ќе игра против Барселона, а в недела во АБА-лигата против Мега Бемакс.

Scroll to Top