Дресот со бројот 11 кој го носел легендарниот Дино Менегин (69) ќе замине во историјата на 19 јануари. Милано ќе го повлече дресот пред почетокот на натпреварот помеѓу Милано и Макаби во „Медиоланум арена“.
Менегин во два мандати го носел дресот на италијанскиот великан (1981-1990 и 1993-1994). Освоил пет шампионски титули во Италија и две во Купот на шампионите. Во далечната 1970 година тој стана првиот Италијанец што бил драфтуван во НБА лигата.
Влезе во „Куќата на славните“ во Спрингфилд, во 2003 година.
Во богатат ризница на трофеи има и олимписко сребро од Москва 1908 година и европско злато од Франција 1983 година, како и две бронзи од ЕП во Германија (1971) и Југославија (1975).
Славни имиња по Менегин ја носеле 11 во Милано. Последен кој го носел овој број бил Србинот Мирослав Радуљица, а пред него Линас Клеиза, Ибрахим Џабер, Масимо Булери, Џоби Томас…