Олимпија Милано ги „натераа“ ЦСКА Москва да имаат најслаб офанзивен меч во Евролигата од 2013 година, за импресивна 67:57 победа на гости и подобрување на скорот на 13-6 за трето место на табелата.
Тимот на Еторе Месина беше фантастичен во одбраната, посебно во второто полувреме кога „Армејците“ постигнаа само 22 поени. Девон Хол имаше 13 поени за Милано, Кајл Хајнс имаше 12 поени и три блокади во меч во кој водеа од почеток до крај, а ја преземаа контролата во второто полувреме со 10:0 серија. За ЦСКА Москва, кои имаа 3-24 во обиди за тројки, Лундберг имаше 15 поени, а Шенгелија заврши со 13.
Шампионите, Анадолу Ефес, пак, го подобрија скорот на 10-10 со тесна 82:81 победа над Панатинаикос, откако Адриен Мерман го постигна одлучувачкиот поен во последната секунда.
33-годишниот Мерман заврши со 15 поени, 5 скока и 2 асистенции, додека Василије Мициќ имаше 20 поени, иако имаше седум неуспешни обиди за тројка.
ЕВРОЛИГА, 22.КОЛО
ЦСКА Москва – Олимпија Милано 57:67 (10:23, 25:17, 11:15, 11:12)
Анадолу Ефес – Панатинаикос 82:81 (17:12, 22:30, 26:20, 17:19)
Басконија – Баерн Минхен 77:84 (17:16, 16:26, 22:19, 22:23)
Асвел Лион – Црвена звезда 69:67 (11:17, 14:18, 24:13, 20:19)