Top Sport

Милано со победа во Белград, Фенер со три триумфи во низа

Олимпија Милано ја продолжи серијата на 5 победи едноподруго, откако со 63:57 триумфираше во Белград над Црвена звезда, третпат едноподруго оставајќи го противникот со под 60 поени по победите над ЦСКА Москва и Жалгирис.

Малколм Дилејни беше најуспешен со 18 поени, постигнувајќи го клучниот поен за 56:63 водство на  2 минути пред крајот. Ова беше последниот поен од игра за двата тима, по што Милано ја заддржа предноста, а Звезда остана без својот најдобар играч Никола Калиниќ (13 поени, 4 асистенции), кој доби две технички грешки.

Во серија од три победи е и Фенербахче, откако со 85:76 триумфираа над Асвел во меч од 24. коло, за да го подобрат скорот на 10-10.

Марко Гудуриќ ги постигна клучните поени во средината на последната четвртина за 73:66 водство, кое го заддржаа до крајот. Дајшон Пјер и Девин Букер имаа по 16 поени, Гудуриќ заврши со 15 поени, додека за Асвел најдобар беше Ели Окобо со 23 поени.

ЕВРОЛИГА, 24.КОЛО

Фенербахче – Асвел Лион 85:76 (29:23, 18:18, 17:22, 21:13)

Црвена звезда – Олимпија Милано 57:63 (8:7, 15:19, 21:24, 13:13)

Жалгирис -Макаби Тел Авив 78:94 (19:21, 28:26, 13:17, 18:30)

Панатинаикос – Монако 83:91 (27:19, 15:30, 19:16, 22:26)

Басконија – Зенит Санкт Петерсбург 82:90 (24:22, 26:22, 14:18, 18:28)

Барселона – Баерн Минхен 71:66 (9:9, 19:20, 17:12, 26:25)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top