Top Sport

Милион луѓе на шампионската парада на Вориорс (Фото)

Кошаркарите на Голден стејт Вориорс на спектакуларен начин ја прославија шампионската титула. На парадата низ улиците на Оукленд присуствувале околу еден милион луѓе.

foto: epa

Вориорс до третата титула во последните четири години дојде со максимална победа во финалната серија против Кливленд Кавалирс (4:0), а за МВП на финалето е прогласен Кевин Дурент.

„Никогаш не замислував дека би можеле да имаме шампионска парада, уште помалку дека ќе имаме две или три. Сега ќе имаме уште повеќе“, порачал Стеф Кари.

Голден стејт ја освои шестата титула во историјата на франшизата (првите три ги освои под имињата Филалделфија и Сан Франциско) и на вечната листа се израмни со Чикаго Булс. Најмногу титули има Бостон Селтикс 17, една помалку освоиле ЛА Лејкерс.

foto: epa
foto: epa
Scroll to Top