Top Sport

Преку „гугул транслејт“ комуницира со Гризман

Напаѓачот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман, во вторникот, изјави дека донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата, но дека се уште не е вистинскиот момент да ја соопшти својата одлука.

На кој начин францускиот репрезентативец беше „натеран“ одговори на прашање за клупската кариера?

Портпаролот на Фудбалската федерација на Франција, пред почетокот на прес конференцијата рекол дека новинарите своите прашања можат да ги поставуваат само на француски. Целта на Французите била да ги избегнат прашањата на шпанските новинари што би се однесувале на иднината на Гризман.

Меѓутоа еден досетлив новинар успеа да ги измами „системот“, откако со помош на апликацијата „гугул транслејт“ го поставил „забранетото“ прашање.

Сите присутни на прес конференцијата, вклучувајќи го и Гризман се насмеале, исклучок бил само портпаролот на Француската федерација.

Scroll to Top